Живот

13-годишен археолог аматер откри богатство од 10. век

13-годишен археолог аматер откри богатство од 10. век

 Археолози на германскиот остров Риген во Балтичкото Море пронашле закопани сребрени монети и накит кои датираат од 10. век, односно од периодот поврзан со владеењето на данскиот крал Харалд Громсон.

Како што соопштија германските медиуми една монета прво пронашле двајца археолози аматери, од кои едниот има само 13 години.

Монетата била пронајдена во јануари во селото Шпроде, а потоа се вклучила и државната археолошка канцеларија, чии стручњаци минатиот викенд успејаа да ги ископаат сите вредни артефакти.

Според археолозите околу сто сребрени монети потекнуваат од периодот на владеењето на Харалд Громсон, познат како Харалд Синозабиот, кој живеел во десетиот век и го вовел христијанството во Данска.

Неговото кралство се протегало на територијата на денешна Данска, јужна Шведска, делови од Норвешка и северна Германија.