Занимливости

Заврши снимањето на „Игра на тронови“

Заврши снимањето на „Игра на тронови“

Завршни снимањето на последната сезона од серијата „Игра на тронови“.

По повеќе од девет месеци, заврши снимањето на осмата, последна, сезона од популарната серија на ХБО „Игра на тронови“.

Продукцијата на серијата усеала да ги сними епизодите, без претходно да се дознае во јавноста нешто за содржината на последната епизода.

„Никој не доби физичка копија од сценариото. Добивме сè во дигитална форма на апликацијата, и по читањето, документот сам се бришеше. Речениците што ги изговаравме ги добивавме еден ден порано, а по 24 часа тие целосно исчезнуваа“, рече Софи Тарнер, која ја игра Санса Старк во серијата.