Во вторникот е објавено застрашувачко видео на кое се гледа како млади стојат на мост на реката Левис во градот Јаколт во Вашингтон.
Една девојка стоела на работ, а останатите позади неа. Девојката иако неколку пати извикала дека не сака да скокне од мостот, но нејзините пријатели упорно ја убедувале.
Неколку секунди подоцна, една од девојките ја турнала од мостот. Таа паднала во водата од висина од 18 метри и тешко е повредена. Има скршени ребра и повреден граден кош, како и многу гребнатинки.