Занимливости 21. јуни 2018. / 18:37

Во Германија се тестираат летачки такси

Во Германија се тестираат летачки такси

Летачките автомобили одамна се појавја како прототипи. Најновите модели се тестираат за такси превоз, како и за транспортот на болни лица во големите градски сообраќајни метежи.

На развој на летачки такси возила работат повеќе компании во светот, меѓу нив и германски. Освен тоа, тие се огромна шанса за претпријатијата и стартап-фирмите.

Градската управа на градот Инглштат, Германија, веќе тестира летачки такси. Вчера беше потпишана намерата за проектот од страна на сојузниот министер за сообраќај, Андреас Шојер, специјалниот ополномоштеник на германската влада за дигитализација, државната министерка Доротеа Бер, градоначалникот на Илголштат, Кристијан Лезел, како и претставници на авионскиот концерн Ербас и автомобилскиот производител Ауди.