Занимливости 28. август 2018. / 13:56

(Видео) Носорог нападна автомобил

(Видео) Носорог нападна автомобил

На туристите кои отишле во Африканскиот сафари парк, во Мексико, не им било сеедно кога нивното возило го дофатил носорог.

Возилото во кое се наоѓала група на туристи, било нападнато од носорог, во Африканскиот сафари парк во Пуебла, Мексико. Носорогот прво го нападнал возилото од страна, додека возачот се обидувал да даде гас, но било безуспешно.

Потоа носорогот го подигнал задниот дел на возилото и почнал да го турка нанапред.

Дали носорогот се откажал, тешко е да се заклучи според ова видео.