Директор на една руска психијатриска болница се повлекува од функцијата откако во јавноста се појави вознемирувачка видеоснимка.
Како што пишува „Раша тудеј”, на снимката што беше објавена и на социјалните медиуми, направена во болница, чие име не се соопштува, може да се види дека медицинскиот персонал ги малтретира пациентите, односно физички нападна еден пациент.
Јавноста по излегувањето на видеоснимкта побара персоналот кој може да се забележи на истата да биде строго санкциониран.
Како што се гледа на видеото, двајца работници облечени во сини болнички униформи фрлаат влечки врз еден постар човек и потоа го удираат.
Шефот на болницата во Магнитогорск, Александар Белаев, потврди дека снимката била направена во неговата болница за време на ноќната смена на 29 јуни.
„Го гледавме ова видео денес… Тоа е нашата болница, ова е страшно. Подготвен сум да поднесам оставка по ова”, изјави тој за РИА.
Инаку, видеото беше пуштено во јавноста откако едно лице од персоналот кое е на видеоснимката, Андреј Бајковски, го испратил видеото на една девојка со која се запознал преку социјалните мрежи за да ја импресионира, меѓутоа девојката била вчудовидена откако го погледнала видеото и ја препратила видеоснимката до медиумите и полицијата.