Занимливости 09. декември 2018. / 14:50

Тричковски: Ќе ги избришам сите кои се жалат на загаден воздух!

Тричковски: Ќе ги избришам сите кои се жалат на загаден воздух!

Пензионираниот новинар Бранко Тричковски со нов провокативен статус на неговиот фејсбук профил.

Контроверзното перо блиско до власта, пишува дека од неговата листа на фејсбук пријатели ќе ги избрише сите кои постираат статистики за загадувањето и се жалат на него.

-Ќе ги избришам од листата пријатели сите што секој миг ја известуваат јавноста колкава е загаденоста на воздухот наместо да ги извадат од подрумите мрежичките со кои како деца ловеле пеперутки и да фаќаат пием честички, ќе ги избришам и оние кои тврдат дека ќе останат без македонскиот идентитет, затоа што јас знам дека тоа, за жал, не е можно и, трето, ќе ги исклучам оние кои секоја втора секунда повторуваат дека од нас држава не бидува, затоа што тоа се, исто така, за жал, лажни тврдења.– пишува некогашниот новинар.

Инаку, пред само 2 години, кога актуелната власт беше опозиција и на централно и на локално ниво, Тричковски учествувапше во протестите против загадувањето.