Организаторот на СП во фудбал во Русија објави дека сите стадиони се завршени и подготвени да ги дочекаат актерите на мундијалот кој ќе се одржи во јуни.
Најчуден од сите е стадионот во Екатеринбург каде едната трибина е изградена надвор од објектот.
Според градските власти тоа бил единствениот начин да се зголеми капацитетот од 23000 на 35 000 места.
Што би рекле шегаџиите подобро се гледа градот отколку теренот.
НА овој стадион ќе се играат мечевите Египет – Уругвај, Франција – Перу, Јапонија – Сенегал и Мексико – Шведска. По СП, оваа монтажна трибина ќе биде размонтирана, а ќе биде вратен стариот изглед на страничната трибина.