Занимливости 25. септември 2018. / 13:09

Трамп има нова лимузина тешка до девет тони (ВИДЕО)

Трамп има нова лимузина тешка до девет тони (ВИДЕО)

Претседателот на САД Доналд Трамп, беше забележан во новата лимузина.

Според американските медиуми владиниот договор со Џенерал моторс треба да бидат изработени 12 лимузини за 15,8 милиони долари (13,4 милиони евра). Најмалку две беа забележани викендов во Њујорк.

Тајната служба сите детали за лимузината ги држи во тајност, но има извештаи дека автомобилот всушност има платформа од пикап и дека тежи меѓу 6.800 и 9.000 килограми. Се шпекулира и дека во автомобилот има место за седење за седум лица а задниот дел од автомобилот има доволно место за претседателот и четворица советници.

Новата лимузина го заменува претходниот „Ѕвер“ кој беше во служба од 2009 година. Новиот модел најверојатно има посовремена технологија.