Американската вселенска агенција НАСА успешно слета сонда на површината на планетата Марс.
Сондата треба длабински да ја истражи внатрешноста на Марс, со што тој ќе стане втората планета по Земјата која била истражена на овој начин.
Слетувањето на сондата се случи пред помалку од половина час, а контролорите на мисијата во Калифорнија беа пресреќни кога тој ја допре површината на Марс.
Сондата наречен ИнСајт слета близу до екваторот на Марс.
Инженерите сега очекуваат слика од околината на роботот.