Маж, од БиХ, во живо на Фејсбук емитувал како влегува во полициски автомобил и како го вози низ градот.
Наводно него клучевите му ги дал еден полицаец.
На снимката се гледа како тој го вози автомобилот и кажува дека отсекогаш имал желба да вози полициско возило.
Тој подоцна е уапсен, заедно со полицаецот кој му ги дал клучевите.
Мажот инаку е познат како проблематичен во градот.