Занимливости 10. април 2018. / 11:39

Силос при рушење паднал на погрешната страна и ја срушил соседната зграда (ВИДЕО)

Силос при рушење паднал на погрешната страна и ја срушил соседната зграда (ВИДЕО)

Минатата седмица во текот на рушењето на силос во Данска, дошло до голема грешка и силосот паднал на погрешната страна и ја “здробил” соседната зграда.

Напуштената кула со висина од околу 53 метри во дански Вордингборг се урнала во спротивна насока од планираната, го уништила културниот центар и книжарницата во близина. За среќа, во инцидентот немало повредени.

“Едноставно не знам како можеше да дојде до ваква грешка”, рекол водителот на проектот, Кенет Веге за данските медиуми.