Занимливости

Пред 42 години се случила најтешката авионска несраќа: Трупови паѓале од небото (ВИДЕО)

Пред 42 години се случила најтешката авионска несраќа: Трупови паѓале од небото (ВИДЕО)

Пред 42 години, на 10 септември 1976 година во близина на Загреб се случи најтешката авионска несреќа на просторот на поранешна Југославија.

Поради грешка на контролорот на летање, загинаа 176 патници и членови на екипажот. Контролорите на лет во Загреб, сфатиле дека направиле катастрофална грешка, односно испратиле два авиони на иста висина.

Британскиот „Трајдент“ и ДЦ-9 на Инекс Адрија се судриле додека летале со брзина од 900 км/час, а загинале сите 176 патници и членови на екипажот на двата авиони.

Од висина од 10.000 метри на земјата паѓале делови од авионите, но и тела, на десетина километри наоколу.

За несреќата бил осуден контролорот на летање во Загреб, денес покојниот Градимир Тасиќ, на седум години затвор, бидејќи неговите колеги докажале дека во моментот на несреќата рабтоел во тешки услови, три дена по ред смена од 12 часа.

Сударот на авионите над Загреб се смета за една од најтешките воздухопловни трагедии во светот таа година и можеби најголема на територијата на поранешна Југославија.