Занимливости 27. август 2018. / 15:44

По пеколните температури снег во Австрија и Германија (ФОТО)

По пеколните температури снег во Австрија и Германија (ФОТО)

Европскиот топлотен бран е прекинат откако во некои земји падна снег.

Околу 25 сантиметри снег падна на највисокиот германски врв Цугшпице, каде температурата на воздухот падна на минус седум степени Целзиусови.

Германската метеоролошка служба соопшти дека температурата падна за 30 степени и дека треба да се носи јакна.

Во соопштението се наведува дека температурата во четвртокот изнесувала околу 33 степени во Офенбах, а вчера во утринските часови забележано е само седум степени.

Австриската организација Инзбрук туризам објави фотографии на социјалните мрежи со натпис: првиот снег на планините околу Инзбрук.

Снег падна и на висина од 1300, но и 900 метри надморска височина, пишува Дејли Мејл.