Планинарот Огњен Миличевиќ имал „блиска” среба со мечка, а возбудливата случка ја снимил со својата камера.
Видеото тој го споделил на Фејсбук со пораката „Во животот чувајте се од пријателите, а не од животните”.
-Бев на неколку метри од мечката, во еден момент сакав скроз да и се доближам. Дури подоцна ме фати малку страв кога се заврши, кога размислив што можеше да се случи ако тргнеше накај мене. За среќа, тоа не се случи-рекол Миличевиќ.
Тој додал дека ова е негова прва средба со мечка, а претходно имал средба и со волк, само тогаш немал камера да ја сними ситуацијата.
Извор: српски „Курир”