Занимливости 03. април 2018. / 16:35

Овие 3 грешки не смеете да си ги дозволите на друштвените мрежи

Овие 3 грешки не смеете да си ги дозволите на друштвените мрежи

Мора да се воздржиме од некои објави на друштвените мрежи кои може да ни ги расипат односите со другите луѓе

Овие грешки веројатно често ги правите,но мора да ги избегнувате:

1. Не објавувајте фотографии на други луѓе или информации за нив без дозвола

Можеби сте пресреќни затоа што вашата најдобра пријателка се породила и со задоволство би се пофалиле со тоа,но воздржете се додека вашата пријателка не се согласи со тоа.Истото важи и за фотографиите.

2. Не ги користете друштвените мрежи за јавни расправии

Некој ве налутил,и одма посакувате да напишете статус за тоа на Фејсбук или да објавите инспиративен цитат со пораката од таа личност на Инстаграм? Тоа и не е толку добра идеја затоа што може да напишете некои работи што не ги мислите и со тоа да створите пограшна слика за себе.Не дозволувајте моментот на нервоза трајно да ве обележи!

3. Немојте поради друштвените мрежи да го запоставите вистинскиот контакт со луѓето

Немојте да мислите дека секојдневното праќање пораки на пријателите е доволно,затоа што едно кратко кафе од пола час може да им значи повеќе од 1000 пораки во инбокс.Дури и оние што не сакаат може да ни замерат затоа што го запоставуваме вистинскиот контакт со нив ,а тоа не смееме да си го дозволиме.