Занимливости

Новиот електричен автомобил на Porsche ќе се нарекува Taycan

Новиот електричен автомобил на Porsche ќе се нарекува Taycan

Сериската верзија на „Porsche Mission E“ ќе се нарекува „Taycan“, соопшти германската компанија. Долгоочекуваниот германски ривал на „Tesla Model S“ прв пат се појави како концепт во Франкфурт во 2015-та година, а потоа дојде потврда дека ќе заврши во сериско производство.

Премиерата на „Taycan“ ќе биде во 2019-та година, а името го најави извршниот директор Оливер Блум на настанот по повод 70-годишнината од брендот.

Претходно оваа година „Porsche“ во Женева покажа втор електричен концепт – „Cross Turismo“. Електричниот автомобил „Macan“ се очекува да биде достапен во 2020-та година и ќе биде директен ривал на „Jaguar-I-Pace“ електричниот „SUV“.

„Taycan“ ќе излезе на пазарот, изграден врз сосема нова платформа за електрични модели, со шасија тип „скејтборд“, т.е. батериите се наоѓаат под подот на автомобилот, исто како кај „Tesla Model S“.

Конструкторите на „Porsche“ имаат инсталирано еден електричен мотор на секој мост, со вкупна моќност од 600 коњски сили. Се претпоставува дека со едно полнење возилото ќе може да мине околу 500 километри, а забрзувањето од 0 до 100 km/h ќе биде под 3,5 секунди, според очекувањата во „Porsche“.