Занимливости 01. мај 2018. / 22:20

Нова алатка на Фејсбук: Ако сте „сингл“ Цукерберг ќе ви најде партнер

Нова алатка на Фејсбук: Ако сте „сингл“ Цукерберг ќе ви најде партнер

Извршниот директор на Фејсбук Марк Цукерберг, најави нова алатка на социјалната мрежа за онлајн состанување, за која тој тврди дека приватноста и безбедноста на корисниците ќе биде заштитена.

Новата алатка беше промовирана денеска на конференцијата на програмерите на Ф8 во Сан-Хосе МекЕнерџи конгресниот центар во Калифорнија.

Цукерберг рече дека повеќе од 200 милиони луѓе на Фејсбук се изјасниле како сингл и дека новата патформа ќе им дозволи да се поврзат со луѓе надвор од листата на пријатели.