Незадоволен фудбалски фанатик од лесковачко село, за време на ноќта, а пред да падне првиот снег во тој крај, го изорал фудабалското игралиште.
Тој прво го изорал шеснаесетникот, бидејќи наводно, голманот на домашната екипа примил недопустливи голови. Потоа изорал и неколку длабоки бразди вдолж аут-линијата од двете страни на теренот, а потоа и просторот кај публиката.
Во овој крај, како што пишуваат медиумите, слични работи се имаат случено и во минатото.