Занимливости 25. јуни 2018. / 14:11

Навивачите на Иран го вознемирувале Роналдо – ги замолил да го остават да спие (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо денеска ќе ја предводи Португалија против Иран, во третиот натпревар на Светското првенство во Русија.

Португалија со четири бодови сеуште нема осгуран пласман во осмина финалето и против Иран мора да изигра, барем нерешено.

Навивачите на Иран синоќа направиле шоу. Тие се собрале пред хотелот каде е сместен Роналдо и пееле, играле и викале, со намера Португалецот да остане буден.

На крајот, Роналдо интервенирал, па ги замолил навивачите на Иран да бидат тивки.

Погледнете: