Занимливости

Натпреварот прекинат – инцидент на финалето

Натпреварот прекинат – инцидент на финалето

На почетокот на второто полувреме од финалето на Светското првенство во Русија, на стадионот „Лужники“ имаше инцидент што не го очекуваше никој, особено кога до последниот мундијалски ден во Русија беше организирано се речиси на беспрекорен начин.

Во 52. минута четворица навивачи втрчаа на теренот и на кусо го прекинаа мечот, а брзата реакција на редарите спречија посериозен инцидент.

Франција ја совлада Хрватска со 4:2 и ја освои светската титула.