Орбиталниот телескоп на НАСА, кој бара планети надвор од Сончевиот систем, пет месеци по лансирањето, откри две оддалечени планети.
Сателитот на НАСА, ТЕСС, ги откри „супер-Земја“ и „топла Земја“ во соларните системи оддалечени најмалку 49 светлосни години, што е прво откритие на тој сателит, лансиран во април. Мисијата ТЕСС ќе трае две години и ќе чини 337 милиони долари, а целта и е да го прошири познавањето на астрономите за т.н. егзопланети, кои кружат околу ѕвезда.
Откриените планети се претопли за живот, кажува научничката Сара Сигер, која очекува многу нови откритија на тој сателит.
„Мора да почекаме да видиме што уште ќе открие ТЕСС“, рече Сигер.
ТЕСС треба да ја продолжи работата на својот претходник, вселенскиот телескоп Кеплер, кој откри повеќе од 3700 егзопланети во својата 20 годишна работа, пред да остане без гориво.
НАСА очекува дека ТЕСС ќе открие многу од досега непознатите светови.