Грчката плажа Агиос Јоанис на Ситонија ќе добие нов изглед. На социјалните мрежи се појавија фотографии на кои се гледа дека се подготвува изградба на огромен хотелски комплекс.
Откако заврши сезонатаа на краците, на вториот крак се уште не е мирно, наместо туристи, се слушаат багери и камиони.
Хотелскиот комплекс ќе се наоѓа на плажата, а туристите кои годинава летуваа на Ситонија се последните кои уживале во мирот и тишината на Агион Јоанис, која се наоѓа на четири километри од Никити кон Неос Мармарис.