Занимливости 15. август 2018. / 13:24

Момо – нова морничава игра која се шири на социјалните мрежи

Момо – нова морничава игра која се шири на социјалните мрежи

По „Синиот кит”, опасна игра поради која неколку стотици деца во светот извршија самоубиство, се појави уште една контроверзна онлајн игра – „Момо“, која се распространува преку апликацијата Ватсап.

Играта е наменета за најмладите корисници, а последица може да биде и самоубиство, укажуваат стручни лица.

Имено, приказната почнува со контакт со Момо, женски лик со застрашувачки изглед, со крупни очи, за која се смета дека е инспирирана од хорор куклата на јапанскиот уметник Мидори Хајаши, кој формално нема никаква врска со играта.

Децата откако ќе контактираат со Момо, добиваат серија предизвици, а доколку тие одбијат, следи казна и добиваат заканувачки и вознемирувачки телефонски пораки и фотографии.

Бизарната онлајн игра е пријавена во Аргентина, во Мексико, во САД, во земјите на Јужна Америка, во Франција и во Германија, а се проширува и во другите европски држави. (МИА)