Занимливости

Мајка на 9 деца води мултимилијардерска компанија во Велика Британија

Мајка на 9 деца води мултимилијардерска компанија во Велика Британија

Британката Хелена Мориси има девет деца и е директорка во компанија тешка над 980 милијарди фунти, и сето тоа одлично го балансира.

– Секој мој ден е како ден за испит, исполнет до минута. Работам интензивно 10 часа, а често и 12, па кога ќе дојдам дома, не зборувам со никото. Просто, не можам, преморена сум, вели таа.

Како што пренесува Би-би-си, оваа менаџерка на компанијата „Лигал енд Џенерал“ ја планира секоја нејзина секунда до последниот детаљ, размислува прецизно, а брзо, а и зборува така. И префрлањето на нејзиниот фокус и чиста мисла од една тема на друга, за неа како да е најлесното нешто, оти сето тоа и е секојдневна рутина.

Поради сето тоа, и покрај тоа што има девет деца, на возраст од девет до 26 години, и внук кој не наполнил ни една година, таа е успешна мајка, сопруга и бизнисменка.

Покрај тоа што е поддржувачка на Брегзитот, таа лично за себе откива и една доста интимна тајна…

– Носам високи штикли оти така се чувствувам помоќно, истакнува таа