Занимливости 11. мај 2018. / 12:17

Ќе развива блокчејн технологија: Фејсбук спрема сопствена криптовалута?

Ќе развива блокчејн технологија: Фејсбук спрема сопствена криптовалута?

Најголемата кадровска рокада во историјата на Фејсбук откри, меѓу другото, дека оваа компанија планира да развие блокчејн технологија.

Досегашниот директор на Фејсбук Месинџер, Дејвид Маркус, треба да го преземе тимот задолжен за развој на блокчејн. Тој ќе одговара директно пред техничкиот директор на компанијата, Мајк Шрепфер.

Сеуште не е познато со што точно ќе се занимава тој тим, а Маркус наведе дека ќе биде истражуван најдобриот начин за употреба на блокчејн во Фејсбук.