Занимливости 30. мај 2018. / 09:42

Го разгледуваат влијанието на социјалната мрежа врз општеството – оваа држава го забрани Фејсбук

Го разгледуваат влијанието на социјалната мрежа врз општеството – оваа држава го забрани Фејсбук

Во Папуа Нова Гвинеја, властите одлучиле да ја забранат социјалната мрежа Фејсбук, во времетраење од еден месец, бидејќи сакаат да ги идентификуваат сопствениците на лажни профили и да го разгледаат влијанието на таа социјална мрежа врз општеството.

Министерот за комуникации, Сем Бејзил рече дека ќе ги пронајде оние што шират порнографија и лажни информации.

Покрај тоа, тој укажа на можноста за формирање национална социјална мрежа.

Фејсбук се најде под надзор по скандалот со Кембриџ аналитика и начинот на кој се обиде да го спречи ширењето говор на омраза и лажни вести.

Иако само десетина проценти жители на Папуа Нова Гвинеја имаат пристап до интернет, државата интензивно работи на регулирање на Интернет услугите.