Занимливости 28. декември 2018. / 11:56

Фотографија од крадец стана хит на интернет: Никој не може да поверува колку години има

Фотографија од крадец стана хит на интернет: Никој не може да поверува колку години има

Фотографија на приведен крадец објавена од полицијата стана хит на интерент бидејќи никој не може да поверува во неговите години. Мурад Мансурович Курбанов бил уапсен во вторникот за кражба на автомобил, бегање од полицијата и брзо возење, пишува „KUTV2News“.

Полициската фотографија предизвика серија од коментари на Интернет, бидејќи луѓето не можат да поверуваат колку години има осомничениот. Полициската станица ја сподели приказната на својата Фејсбук страница, а фотографијата веднаш стана хит, бидејќи Курбанов има само 19 години.

Каде е 19-годишникот? Јас овде гледам само 40-годишник, коментираше еден корисник на Фејсбук.
-Ако овој има 19 години, јас имам 12, коментираше друг.