Манекенката Мариса Папен е уапсена во Ватикан, откако направила серија провокативни фотографии, од кои на една седи гола врз Библијата.
На друга фотографија Мариса гола носи крст по улиците на Ватикан. Манекенката, која себеси се нарекува уништувач на табуа, сега го одбра христијанството.
Пред неколку месеци таа ги налути Евреите со фотографии во близина на Ѕидот на плачот во Ерусалим, каде се сликаше гола.
Во Ватикан за малку ќе се спасела од апсење, но во моментот кога се облекувала, и пришле двајца полицајци и ја задржале заедно со нејзиниот фотограф десет часа во станицата.
Манекенката беше апсена и во Египет, каде се сликаше гола пред пирамидата во Гиза, во Истанбул, во бурка во Аја Софија, или вкупно во 50 тина земји, каде нејзините фотографии предизвикаа остри реакции.
Нејзините фотографии погледнете ги ТУКА.