Занимливости 13. јули 2018. / 13:30

Финска пушти во продажба специјално пиво по повод средбата Трамп-Путин

Финска пушти во продажба специјално пиво по повод средбата Трамп-Путин

Продавниците во Финска пуштија во продажба пиво произведено специјално по повод средбата меѓу претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин, закажана за понеделник во финската престолнина Хелсинки.

Финската пивара РПС Бруинг на етикетата ги поставила двајцата шефови на држави, а среде нив, натпис: „Ајде да го средиме ова како возрасни”.

Цената на шише од специјалното пиво е 3,49 евра.  На некои места, производот е веќе распродаден, пренесува ТАСС.

На интернет се нудат и тениски топчиња со истата слика.