Занимливости

Фејсбук тестира апликација со гласовни команди

Фејсбук тестира апликација со гласовни команди

Апликацијата за пораки на социјалната мрежа Фејсбук, Месинџер наскоро би можела да им овозможи на корисниците со помош на диктирање да испраќаат пораки, да креираат потсетници и да повикуваат одреден контакт.

На фотографиите кои што протекоа на интернет, може да се види новото „М“ копче на врвот на екранот, кое што, според гласините, кога ќе биде кликнато на него, ќе го активира слушањето на говорните команди на Месинџер.

На тој начин ќе се олесни користењето на апликацијата за пораки на најголемата социјална мрежа на светот, а ќе се исклучи и потребата за користење на екранот.

Ова секако ќе биде побезбеден начин за комуницирање кога на пример, корисникот ќе вози автомобил, а исто така, со новата функција, апликацијата ќе стане попристапна за лицата со слаб и оштетен вид.