Занимливости 10. август 2018. / 14:37

Фејсбук со нова опција: Времето поминато на оваа социјална мрежа ќе ви се ограничи

Фејсбук со нова опција: Времето поминато на оваа социјална мрежа ќе ви се ограничи

Колку пати ви се има случено да отворите Фејсбук или Инстаграм само за да проверите една работа, па половина час подоцна сфаќате дека сеуште лутате низ содржините?

На многу корисници тоа често им се случува, што и не е чудно со оглед на тоа што овие социјални мрежи се дизајнирани да го прават тоа.

Сепак, Марк Цукерберг, одлучил да стави крај на таа пракса.

„Се фокусиравме на тоа, луѓето, што повеќе време на поминуваат на Фејсбук, но сега таа пракса ќе ја смениме. Повеќето корисници пасивно го поминуваат времето на Фејсбук, бесмислено скролајќи низ неважни или веќе видени содржини. Целата ни е тоа време да го поминат поквалитетно“, истакна Марк.

Компанијата сега претставува три нови опции, кои се првично достапни во САД.

Една од нив е мени кое ќе ви прикажува колку време поминувате на Фејсбук, односно колку често отворате одредени страници.