Занимливости 02. мај 2018. / 15:19

Фејсбук најави редизајн на Месинџер – еве како ќе изгледа

Фејсбук најави редизајн на Месинџер – еве како ќе изгледа

Социјалната мрежа Фејсбук најави нов дизајн на Месинџер, со цел да им обезбеди на корисниците поедноставно користење на апликацијата, која години наназад е преполна со непотребни опции и игри.

„Кога испраќате пораки, сакате тоа да биде брзо и едноставно искуство. За да се фокусираме на овие идеи, сакаме да направиме редизајн на апликацијата Месинџер“, рече директорот и основач на Фејсбук, Марк Цукерберг.

Со оглед на тоа што Фејсбук работи на оваа измена уште од почетокот на годината, новиот изглед на апликацијата Месинџер би требало да им стане достапен на корисниците набрзо.

Според новите информации, новиотМесинџер ќе има црна наместо бела позадина. Исто така, менито со главните табови кои се фокусирани на комуникацискиот дел од апликацијата ќе бидат преместени долу наместо горе, каде што досега се наоѓаа