Занимливости 23. август 2018. / 13:36

„Фејсбук“ ја забрани апликацијата за тестирање на личноста

„Фејсбук“ ја забрани апликацијата за тестирање на личноста

Социјалната мрежа „Фејсбук“ ја забрани апликацијата за тестирање на личноста „МyPersonality“,  поради постоење сомнение дека е можна злоупотреба на податоци на четири милиони корисници.

„Фејсбук“ вчера соопшти дека ја забранил апликацијата, откако утврдил дека податоците на корисниците им биле дадени на истражувачите и на другите компании „со ограничена заштита“.

Социјалната мрежа објави и дека ќе ги информира корисниците на апликацијата чии податоци се злоупотребени.

Одлуката беше донесена по неодамнешниот скандал со компанијата за собирање и обработка на податоците „Кембриџ Аналитика“.