Занимливости 11. јуни 2018. / 17:37

Еве каде се јаде најубава храна во поранешна Југославија (ФОТО)

Еве каде се јаде најубава храна во поранешна Југославија (ФОТО)

Љубителите на добрата храна тешко дека ќе останат гладни на Балканот. Поранешните југословенски држави имаат нешто да понудат и кога станува збор за кулинарски специјалитети.

Која од земјите на поранешна Југославија има најдобра храна?

Веб-страницата „Taste Atlas“ направи интерактивна мапа со јадењата кои се најпопуларни во Македонија, Црна Гора, Србија, Хрватска, Словенија, БиХ, Косово…

Во Македонија како најпопуларни јадења се издвојуваат: зелник, пастрмалија, ширден и охридска торта.

Словенија: бограч, штрукљи, потица и кремна резина; Хрватска: брудет, фритули и пиница; Босна: бурек и ќебапи; Србија: ајвар, грав, гибаница и плескавица; Косово: шарско сирење.