Занимливости 28. ноември 2018. / 11:48

Енвер Малиќи стана почесен конзул на Мексико

Енвер Малиќи стана почесен конзул на Мексико

Владата на Република Македонија даде согласност Енвер Малиќи да се именуваза почесен конзул на Соединетите мексикански држави во Република Македонија со седиште во Скопје. Министерството за надворешни работи е задолжено оваа одлука да ја спроведе.

Енвер Малиќи е познат македонски бизнисмен, актуелен заменик-градоначалник на Скопје, советник на листата на ДУИ. Малиќи е еден од најбогатите регистрирани стопанственици на листата членки на Стопанска комора на Северозападна Македонија, но и воопшто, еден од најбогатите во државата. Тој е сопственик на компанијата „Гемак трејд“ и на хотелот „Парк“ на кејот на Вардар во Скопје.

„Гемак трејд“ е приватно трговско претпријатие основано во 1991 година и се занимава со  увоз и дистрибуција на електрични апарати и потрошувачки добра, како и акцизни производи, алкохол и цигари.