Бела ајкула, поголема од пет метри, е забележана во близина на брегот на Мајорка. Оваа ајкула во овој дел повторно е видена по 30 години.
Научниците ја снимиле во близина на населениот остров Кабрера, а експедицијата која трагала по оваа величенствена морска ѕверка ја предводел биологот Рикардот Сагарминаг ван Буитен.
Научниците ја следеле во перод од неколку часа. Тој нагласил дека ова е прв пат во 30 години да постои доказ за присуството на големата бела ајкула во овие води.
-Изминатите години имаше бројни гласини и непотврдени информации, но ова е првата научна опсервација за присуство на големата бела ајкула во шпанските води. Десетина научници од пет земји на фотографираше и сними ајкулата, вели научникот.
Во Медитеранот живеат 47 разни видови на ајкули, а меѓу нив е и големата бела.