Занимливости 23. август 2018. / 20:08

Дрон снимил изолирано племе во прашума: Никој не знаел дека тие постојат, а не знаат ни тие за нас

Дрон снимил изолирано племе во прашума: Никој не знаел дека тие постојат, а не знаат ни тие за нас

Неодамна објавените снимки направени со дрон прикажале изолирано племе во Амазон.

Снимките ги направила Агенцијата за домородни афери во Фунаи, која соопштила дека биле направени во текот на истражувачка експедиција минатата година, со цел набљудување на изолирани заедници.

На снимката се гледаат припадници на плeме како одат низ поле и џунгла, како и една личност која носи лак и стрела.

Племето, на кое уште не му е дадено име, било откриено на домородната територија Вало до Џавари на југозападот на Амазон, а Агенцијата навела дека го следела тоа племе неколку години, но никогаш досега не успеала да го фотографира.

Таа агенција регистрирала 107 изолирани племиња, а со повеќето од нив немала контакт, туку само ги фотографирала.