Занимливости

Дете за 10 минути хакирало официјален сајт и ги променило изборните резултати

Дете за 10 минути хакирало официјален сајт и ги променило изборните резултати

Единаесетгодишно момче за само 10 минути хакира реплика на сајт на државниот секретар на Флорида и ги промени изборните резултати.

Емерт Бруер е едно од 39. деца кое учествува на една од најголемите конференции за млади хакери во Лас Вегас.

На сајтот ги менуваа имињата на пертиите, изборните резултати и имињата на кандидатите.

„Бизнис инсајдер“ го пoставува прашањето како овие деца можат да хакриаат официјални сајтови, а поранешниот претставник на Белата куќа за внатрешна безбедност ејк Браун, одговори декаовие сајтови се многу лесни за хакирање.

Инаку Флорида, досега, се најде два пати во центарот на јавноста за време на избори. Првиот пат во 2000 година во трката меѓу Џорџ Буш и Ал Гор, а потоа во 2016 година со Доналд Трамп и Хилари Клинтон.