Незадоволен од подароците кои ги добил за Божиќ, 9-годишно дете од Германија се јавил на бројот за итни случаеви на полиција која одма тргнала во акција и го решила проблемот.
Детето се јавило во полиција и се пожалило, по што полицијата тргнала да интервенира.
Тој на полицијата и објаснил дека воопшто не ги добил подароците кои ги напишал на својата листа со желби.
Полицајците пристигнале и го пронашле детето кое било многу луто- рекол ПР на полицијата.
Бидејки имале мирен ден, полицајците решиле да си поиграат со детето. Тие ја проучиле неговата листа со желби за подароци и ја споредиле со оние кои ги добил, но и посредувале помеѓу него и неговите родители. На крајот го увериле дека Дедо Мраз сигурно ги помешал со подароците на некое друго дете.