Боја што се менува кога ке се измокрите во базенот- мит кои им се кажува на децата. Сепак постојат други начини да ги забележите луѓето кои го прават токму тоа. Истражувањата спроведени во јавните базени во Канада откриваат дека еден голем олимписки базен содржи околу 75 литри урина.
Истражувачите тестирале примероци на вода за вештачки засладувач наречен АКЕ кои се наоѓа во поголемиот дел на преработената храна која ја јадеме.
АКЕ Прави совршен маркер за урина затоа што не може да се пронајде во природата како таков. Истражувањата покажуваат дека околу 95% од изедениот засладувач завршува во урината. Значи со барање на овие примероци се пресметува количеството на урина во секој тестиран базен.
Од 31 базени и џакузи во две канадски градови, тимот од универзитетот на Алберта дошол до заклучок дека во секои од нив има урина. Во еден голем базен со волумен од околу 830 000 литри истражувачите проценуваат дека има околу 75 литри урина. Иако идејата за пливање во 75 литри не е забавна за секого, тоа е само 0.009 проценти од вкупната течност во базенот. Сепак, повеќето луѓе би сакале тој број да е еднаков на нула.
Сепак, ако мислите дека јавните базени се ужасни, тогаш држете се чекор подалеку од џакузи.
Истражувачите откриле дека осум топли кади тестирани имале многу повисоки нивоа на урина.
Урината сама по себе е стерилна, па не би требало да предизвикува многу проблеми, но проблемите се наоѓаат во содржината на урината, односно материите како амонијак, амино киселини и креатинин кога ќе дојдат во контакт со хемикаалии и средства за дезинфекција кои ги има во базените.
Овие можат да формираат соединенија кои доведуваат до иритација на очите и може да биде главен фактор кои придонесува за астма.