Занимливости 16. јули 2018. / 11:01

Брутална одмазда: Селаните бесни убиле 292 крокодили (ФОТО)

Брутална одмазда: Селаните бесни убиле 292 крокодили (ФОТО)

Мештаните од едно село во Индонезија, вооружени со ножеви и стапови, убиле 292 крокодили, откако овие животни изеле еден маж на локална фарма, пренесува Ројтерс.

На фотографијата се гледаат крвавите остатоци од крокодилите во областа Соронг, во провинцијата Западна Папуа, на источниот дел од Индонезија.

Инаку мажот додека работел на фарма, бил нападнат од страна на крокодили. По неговиот погреб, селаните отишле на фармата и ги убиле сите крокодили.

Фармата добила дозвола за гледање на посебно заштитен вид на крокодили во 2013 година, но под услов овој рептил да не представува проблем за локалната заедница.