Агент на ФБИ, кој не бил на должност случајно застрелал едно лице. До бизарното застрелување дошло кога агентот, како што се гледа од снимката на забавата одлучил да направи салто наназад.
Агентот танцувал додека толпата го гледала, и во еден момент се одлучил на храбар потег – салто наназад.
Притоа пиштолот му бил во задниот џеб на панталоните. Кога направил салто, пиштолот му испаднал од џебот, а кога се наведнал да го земе, пиштолот испукал. Еден маж кој во толпата ги гледал неговите танцувачки движења и салто, е застрелан во нога. Мажот е примен во болница со повреди кои не се опасни по живот.