Францускиот претседател, Емануел Макрон, денеска вети дека ќе ги спроведе реформите во земјата во време кога членовите на „жолтите елеци” планираат нови демонстрации овој викенд.
-Ние најверојатно треба да направиме понатамошни промени, да бидеме многу радикални-посочил Макрон, а неговата изјава ја пенесе портпаролот на Владата, Бенџамин Гриво.
Ваквата изјава претседателот на Франција ја дал за време на првата владина седница одржана оваа година.