Свет 18. јануари 2019. / 18:50

„Жолтите елеци“ не се откажуваат – утре и задутре масовни протести

„Жолтите елеци“ не се откажуваат – утре и задутре масовни протести

Претседателот на Франција, Емануел Макрон денеска се сретна со градоначалниците и функционерите на локалните самоуправи во југозападниот регион.

Пред најавените викенд протести на „Жолтите елеци “, десетти по ред, францускиот претседател се среќава со градоначалниците.

Денешната средба е дел од големата дебата, во која Макрон ги посетува сите делови на земјата и се запознава со проблемите.

Тој во гратчето Сујак ги слушна проблемите на жителите и на овој дел од земјата, но наспроти неговите напори „Жолтите елеци” веќе најавија масовни протести во целата земја за утре и задутре.