Жителите на кинескиот град Вухан, каде во декември беше утврден корона вирусот, имаат право да се вратат на работа, а по двомесечен карантин, почнува да функционира и јавниот превоз, пренесува Феанс прес.
Ова укинување на ограничувањето следува откако Министерството за здравство денеска објави дека петти ден по ред во мегалополисот со 11 милиони жители нема ниту еден нов случај на заразени.
На територијата на Кина во целина се евидентирани 39 заболени од кои најголемиот број се повратници од странство.
Жителите на Вухан, кои се со добро здравје, беќе можат да се движат низ градот и да користат автобуси или метро со покажување на лична карта, објаснија властите. Здравите лица, исто така, ќе можат да се вратат и на работните места ако имаат дозвола издадена од нивните работодавачи. Освен тоа, жителите на Вухан имаат право да го напуштат градот и да патуваат во други меска од провинцијата Хубеј, доколку имале негативни резултати од тестовите за Ковид-19 и за тоа поседуваат медицинска потврда.
Ширењето на корона вирусот наложи Вухан да биде ставен целосно под карантин на 23 јануари, а таа мерка беше следена и во скоро сите градови во провинцијата Хубеј.