Зградата на Капитол хил на Соединетите држави е прогласена за безбедна откако демонстранти влегоа во неа, објави во средата наредникот на вооружените сили.
Агенти наФедералното биро за истраги (ФБИ) влегоа во Конгресот на САД, откако демонстрантите кои денеска упаднаа во законодавниот дом ја напуштија зградата, по видео обраќањето на претседателот Доналд Трамп.
Припадниците на Националната гарда се повикани да го воспостават редот пред полицискиот час што започнува во 18 часот по локално време.
Њујорк тајмс јави дека армијата веќе ја активирала целата национална гарда задолжена за округот Колумбија, каде се 1.100 војници. Тие се веќе во градот и се распоредуваат на неколку локации околу Вашингтон.
Капитол, дом на американскиот Конгрес, беше пробиен претходно денеска, додека демонстрантите се обидоа да ги спречат пратениците да ги потврдат претседателските избори.
Демонстрациите следеа по митингот што го одржа американскиот претседател Доналд Трамп, кој инсистира на тоа дека изборите му биле украдени и одбива да прифати пораз.