Свет 15. август 2018. / 13:07

Зголемен бројот на загинати при уривањето на мостот во Џенова

Зголемен бројот на загинати при уривањето на мостот во Џенова

Бројот на загинати при уривањето на мостот во Џенова се искачи на 39, а бројот на повредени на 16. Потрагата под урнатините сè уште трае. Претходно беше објавено дека меѓу жртвите има три деца на возраст од 8, 12 и 13 години.

Надвозникот се урна вчера, при што десетина возила пропаднале низ пукнатините. Државното италијанско радио јави дека меѓу повредените е и една жена чија куќа се запалила откако над неа паднал дел од конструкцијата на мостот.

Мостот се урна во услови на силно невреме проследено со грмежи, а очевидци велат дека се урнал по удар на гром. Повеќе од 400 лица биле евакуирани поради стравувањата дека другите делови од мостот би можеле да паднат. Причината за катастрофата не е позната, но се поставуваат прашања за безбедноста на мостот кој е изграден во 60-тите години од минатиот век, а реконструиран во 2016 година.