Свет 20. ноември 2020. / 00:20

Жестоката одбрана на Трамп му ја стопи бојата на косата на Руди Џулијани

Жестоката одбрана на Трамп му ја стопи бојата на косата на Руди Џулијани

Се растече бојата од косата низ лицето на поранешниот градоначалник на Њујорк Руди Џулијани додека упорно го бранеше Трамп. Тој му е личен адвокат на актуелниот претседател.

Денеска адвoкатот на Трамп ја водеше конференцијата за печат на која заедно со другите членови на адвокатскиот тим ги претстави доказите со кои ќе се обиде да ги поништи резултатите од претседателските избори во САД. Додека се трудеше што поубедливо да ја поткопа победата на Џо Бајден, по неговото лице почнаа да се појавуваат темни линии. Топлината и жестината на говорот очигледно ја стопиле бојата што му била нанесена на косата.

Иако ја избриша потта од челото и темните линии, фотографите сепак успеаја да го сликаат ,,растпопениот адвокат”.