Свет 04. ноември 2020. / 06:17

Жесток противник на „Дип Стејтот“ е нов член на конгресот на САД

Жесток противник на „Дип Стејтот“ е нов член на конгресот на САД

Кандидатката на Републиканската партија од Џорџија, Марџори Тејлор Грин, и официјално е член на Конгресот на САД.

Грин е позната на јавноста во САД како поддржувач на разни теории на заговор. Таа до сега цврсто стои на ставот дека предавниците кои се дел од „длабоката држава“ подготвуваат заговор против претседателот Доналд Трамп.

Грин во свои обраќања преку интернет, упатила бројни закани и клевети кон Џорџ Сорос за наводна негова соработка со нацистите и американската влада. Таа е поддржувач на разни теории кои тврдат дека Доналд Трамп е единствениот спас за Америка и светот и дека тој е браникот од глобалистите, елитисти кои шират и практикуваат педофилија и слично.

Грин е бизнисменка и ново лице во американската политика, а претседателот Доналд Трамп за неа изјави дека таа е „идната ѕвезда на републиканците“.